(ВИДЕО) Пукање во трговски центар во Батон Руж: 10 лица се повредени, напаѓачите избегаа

Од:

Најмалку 10 лица се повредени денес во пукотница меѓу две групи во трговски центар во Батон Руж во Луизијана, а вооружените лица избегаа пред да пристигне полицијата. Инцидентот се случи во делот со ресторани на трговскиот центар „Мол оф Луизијана“, каде што, според началникот на полицијата Т.Џ. Морс, избувна расправија меѓу двете групи што потоа ескалирала во престрелка.

„За жал, во близина имало невини луѓе кои исто така можеле да бидат погодени“, рече Морс.

Повредените се однесени во локалните болници, а најмалку двајца се оперирани. Полицијата апелира до сведоците да достават видео од инцидентот за да помогнат во идентификацијата на стрелецот.

Градоначалникот на Батон Руж, Сид Едвардс, испрати остра порака до сторителите: „До оние што го направија ова, ви велам, ќе ве најдеме.“

Полицијата нагласи дека во моментов нема дополнителна опасност за јавноста, додека безбедносните сили брзо го опколија трговскиот центар по пукотницата.

Би можело да ве интересира

Пукотница во САД: Две лица загинаа, ранети се тројца полицајци

(ВИДЕО) Масовно пукање во Чикаго: Едно лице загина, деветмина се повредени

Горан Наумовски

Осум лица, меѓу кои четири деца, загинаа во Монтана

Вооружен напад во Северна Каролина, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Пукање на фестивал во Сиетл: Тројца се мртви, најмалку четворица се ранети

Петмина убиени во пукотница на прославата на Денот на независноста на САД