Еден човек е смртно застрелан, а тројца други се повредени во огнено оружје за време на тепачка што избила меѓу две групи луѓе во трговскиот центар Цитадел во американскиот град Колорадо Спрингс на Бадник, соопшти локалната полиција.
Еден човек починал на лице место од прострелна рана, а други двајца се пренесени во болници во тешка состојба, пренесува АП.
Heavy police presence at The Citadel Mall in Colorado Springs after reports of shooting.https://t.co/7MwTkaHmLi pic.twitter.com/UMgVmGhAi5
— Channel3 Now (@fox3news) December 25, 2023
Меѓу повредените во престрелката е и една жена, која исто така со како што се наведува, полесни повреди е пренесена во болница.
Полицијата соопшти дека привела „неколку лица“ и дека „работат на утврдување на нивната вмешаност“.
Полицијата ги повика сите што имаат информации за инцидентот да контактираат со нив. Инцидентот нема да влијае на повторното отворање на трговскиот центар по божиќните празници. Се очекува да биде отворен во вторник наутро како што беше претходно планирано, соопшти полицијата.