(ВИДЕО)Пукање во Филаделфија, најмалку двајца мртви

Од:

Две лица се убиени, а најмалку осум се повредени во масовно пукање што се случи во паркот Фермаунт во Филаделфија, потврди полицијата. Пукањето се случило на Денот на сеќавањето, додека голем број млади луѓе биле во паркот, особено во областа Лемон Хил Драјв. Според полицискиот инспектор Д.Ф. Пејс, две лица се убиени на местото на настанот.

Паркот е затворен, а на местото на настанот пристигнаа најмалку дванаесет полициски возила. Полициски хеликоптер, исто така, кружеше над паркот. Според првичните информации, вкупно десет лица биле погодени од огнено оружје. Полицијата засега не објави повеќе детали за напаѓачот или мотивот за пукањето, а истрагата е во тек.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање на хокеарски натпревар во САД, има мртви и повредени

Катерина Ѓуровски

Две лица загинаа во пукање на државен универзитет во Јужна Каролина

Има жртви во оружена престрелка во Лос Анџелес

Пукање во Америка: Најмалку шест лица се убиени на три различни локации

Пукање пред црква за време на погреб во САД, две лица се мртви, шестмина се ранети

Полицаец убиен во пукотница во Делавер