ВИДЕО: Пукање на универзитет во Русија, студентите скокаа преку прозорци

Од:

Осум лица се убиени, а шестмина се ранети кога вооружен напаѓач отвори оган во кампусот на универзитет во рускиот град Перм. Сторителот е уапсен.

Според некои информации, бројот на убиени и повредени е многу поголем, но засега нема официјална потврда.

Напаѓачот, за кого официјалниот руски Комитет за истраги соопшти дека е студент на тој универзитет, утрово влегол во кампусот и почнал да пука.

Објавена е и снимка на која се гледа напаѓачот.

Според се уште официјално непотврдени информации напаѓачот е 18-годишен студент Тимур Бекмансуров, кој наводно оставил порака на социјалните мрежи во киои го објаснува нападот.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот покажуваат дека сакаат војната да продолжи