ВИДЕО: Протести против претседателот на Алжир, приведени 195 лица

Од:

Безбедносните сили на Алжир приведоа 195 лица за време на вчерашните протести против одлуката на 82-годишниот алжирски претседател Абделазиз Бутефлика да се кандидира за петти мандат, јавуваат алжирските медиуми.

epa

Како што пренесуваат, основата за апсењата се разни прекршоци, како и кражби.

Десетици илјади граѓани и во текот на вчерашниот ден повторно се собраа на протести во Алжир, барајќи Бутефлика да замине од власт, по 20 години.

Тој во четвртокот ги предупреди демонстрантите дека мирните протести против неговата одлука да се кандидира за претседател на земјата по петти пат можат да преминат во „хаос“.

epa

Бутефлика, кој е на власт од 1999 година, само неколку пати се појави во јавност од 2013 година, кога доживеа инфаркт. Моментално е во Швајцарија на лекарски прегледи.

Во Алжир неколку денови се одржуваат протести против неговата кандидатура за претседател.

Би можело да ве интересира

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Во сабота во Неготино протестен марш насловен „Стоп за сообраќајното насилство“

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

Вработените во Матица Српска ги поддржаа студентите

(ВИДЕО) Масовен протест во Нови Сад