ВИДЕО: Присилна мобилизација во Украина, војната нема да се реши за сто дена

Од:

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека конфликтот во Украина нема да може да се реши за 100 дена доколку американскиот пристап не се заснова на реални основи. Рјабков за ТАСС изјави дека би било важно да се види на која основа САД ќе тргнат кон решавање на конфликтот.

Според него, ако се бројат само неодамнешните сигнали од Вашингтон, решавањето на конфликтот на краток рок не е реално.

„Ако Вашингтон е пореален во својот пристап, можеби ќе започне некој процес, но брзината на тој процес е тешко да се предвиди“, додаде Рјабков. Тој се повика на извештајот на Wall Street Journal според кој американскиот претседател Доналд Трамп го задолжил својот специјален пратеник Кит Келог да го прекине конфликтот во Украина во рок од 100 дена.

Според проценките, постигнувањето договор со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде многу потешка задача отколку што очекуваше Трамп за време на изборната кампања, кога изјави дека ќе стави крај на конфликтот пред да ја преземе функцијата.

Во меѓувреме, на Украина и недостасуваат војници на првата линија, па така вообичаена глетка е ловот на идните регрути. Ваквите снимки се се почести во Украина, а граѓаните за разлика од почетокот на руската агресија, според најновите анкети, сега не пројавуваат воинствени ставови и повеќе сакаат заврување на војната и избегнување на нивна регрутација.

Би можело да ве интересира

Медведев: Русофобичен митинг против Трамп се одржа во Лондон

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски

Фон дер Лајен: Европа мора итно да се вооружи, мора да се подготвиме за најлошото

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Светот на на историски крстопат, Европа мора да го понесе товарот, вели британскиот премиер

(ВИДЕО) Туск: 500 милиони Европејците молат 300 милиони Американци да ги заштитат од 140 милиони Руси

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во тек е клучниот состанок во Лондон: Ова е момент кој се случува еднаш во генерација

Катерина Ѓуровски