Единици „Вагнер“ го напаѓаат подземниот дел на фабриката за металопреработка во Бахмут (АЗОМ).
Борбите во подземниот дел на фабриката АЗОМ се отежнуваат поради тоа што длабочината на подземниот комплекс е околу 350 метри, што пак не дозволува употреба на артилерија и фрлачи на гранати поради опасноста од пропаѓање на подземниот комплекс.
⚡️Forces of PMC "Wagner" broke into the huge industrial zone AZOM in Bakhmut — soldier of the Armed Forces of Ukraine pic.twitter.com/S2zr9ZZhC5
— War Monitor (@WarMonitors) March 10, 2023
Сепак, два добро информирани извори го потврдија фактот дека единиците на „Вагнер“ успеале да напредуваат доста далеку – тука се присутни украински единици, но во многу мал број.
Расчистувањето на подземниот комплекс може да потрае многу долго, но не може да се напушти, бидејќи овој дел од претпријатието е поврзан со други делови на градот и може да доведе до неочекуван контранапад од страна на украинската армија, велат борците од „Вагнер“.
North of #Bakhmut "AZOM" plant, for the second day in a row, Wagner is trying to advance, but the building, which cannot be quickly destroyed by artillery, prevents #Wagner from advancing further.
Yet some telegram channels are saying about minor Wagner advance movement pic.twitter.com/jnMx3Jz91K
— Jane (@UkraineEugenia) March 12, 2023
Во овој момент, употребата на единиците „Вагнер“ во подземниот комплекс ги принуди да го запрат напредувањето на теренот, но руските единици успеаја доста успешно да се зацврстат.
Во западниот дел на Бахмут продолжуваат жестоките борби, додека артилерија продолжува активно да се користи, како од единиците на Вагнер, така и од силите на украинската армија.