ВИДЕО: Принц на Саудиска Арабија го финансирал нападот на Кулите близначки?

Од:

Францускиот државјанин Закаријус Мусауи, поранешен соработник на Ал Каеда, кој е на отслужување на доживотна затворска казна изјавил дека пред судот сака да сведочи, за она што го знае за нападот на кулите близначки во САД.

Тој тврди дека принцот на Саудиска Арбија го финансирал терористичкиот напад, кој се случи тој ден.

Закаријус во писмо до Сојузниот суд во Оклахома наведува дека сака да ја објасни врската помеѓу саудискиот принц и терористичката група, која на 11-ти септември во 2001 година, го организирала нападот.

Во писмото се наведува дека принцот учествувал во терористичките акции и дека финансирал сопствени летови, бидејќи сметал дека тоа го прави за Осама Бин Ладен, со кој планирал да изврши атентат на Бил Клинтон, така што ќе го собори претседателскиот авион на САД „Ер форс 1“.

Државниот врв на Саудиска Арабија остро демантира дека имаат некаква врска со нападот од 2001 година, со образложение дека тие се едни од најблиските сојузници на САД, а не нивни непријатели.

Адвокати од обвинителството минатиот месец се сретнале со Мусауи во затворот во Колорадо, каде што тој е на отслужување на казната и изјавиле дека материјалот што го добиле од него е релевантен, иако постои снимка на која Бин Ладен негира дека има некаква врска со него и споменува само 19 лица кои работеле со него.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес