(ВИДЕО) Престрелка во супермаркет во САД, најмалку три лица загинаа, има и повредени

Од:

Три лица, меѓу кои и напаѓачот, загинаа, а неколку други се повредени во престрелка во супермаркет во американскиот град Елхарт, Индијана. Престрелката се случила околу 17.30 часот по локално време.


Според локалните медиуми, полицијата се соочила со осомничениот пред влезот на зградата, кога дошло до размена на истрели. Во престрелката е убиен осомничениот, а во таа прилика биле ранети двајца полицајци. Тие, според ABC News, се во стабилна состојба.

Според очевидци, пукањето се случило во момент кога супермаркетот бил полн, а вознемирените клиенти почнале да се фрлаат на земја за да си го спасат животот.

Убиецот испукал најмалку шест куршуми внатре во зградата. Засега не се познати детали од пукањето.

Би можело да ве интересира

Болнички работник нападнал колега на паркинг, го застрелал двапати

Пукање во скопското село Моране, тешко повреден е маж кој е пренесен во болница

(ВИДЕО) Пукање во болница во Америка, вооружен маж е во бегство

Тајната служба застрела маж пред Белата куќа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе

Мисисипи: Заменикот на шерифот убиен при полициска интервенција во Џексон

Горан Наумовски