ВИДЕО: Пред егзекуција побарала оброк кој содржи 4.200 калории

Од:

Четириесет и шестгодишната Кели Рене Гисендејнер ќе биде првата жена по седум децении, врз која ќе биде извршена смртна казна во американската држава Џорџија.

Таа на 25-ти февруари ќе прими смртоносна инјекција, а нејзиниот последен оброк ќе содржи 4.200 калории, пренесе „Дејли меил“.

Кели до затворската управа доставила список за тоа што би сакала да биде нејзин последен оброк.

Грубата проценка вели дека оброкот содржи околу 4.200 калории со оглед на тоа што таа сакала леб од пченка со путер, два бургер од говедско со сирење, две големи чинии помфрит, сладолед од ванила и вишни, пуканки, салата со варени јајца, домати, пиперки, лук, моркови, сирење и прелив од путер, како и лимонада.

kelirene

Инаку таа е осудена на смрт поради убиство на својот сопруг во февруари 1987 година. Во ноември 1988 година е донесена пресуда дека е виновна поради тоа што го убедила своето тогашно момче Грегориј Брус Овен да го убие нејзиниот сопруг Даглас Гисендејнер.

Овен се обидел да ја наговори да се разведе од сопругот, но таа инсистирала да го убие, бидејќи сметала дека Даглас нема да ја остави на мир по разводот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени