ВИДЕО: Пожарот на Тенерифе е надвор од контрола

Од:

Повеќе луѓе се евакуирани во шпанскиот Тенерифе, бидејќи шумскиот пожар беснее на северот на островот и се уште не е под контрола, но популарните туристички дестинации засега се безбедни.

Пожарот избувна во средата во планински национален парк во близина на вулканот Монт Теиде, највисокиот врв во Шпанија, во топло и суво време.

Регионалниот лидер Фернандо Клавихо изјави во петокот вечерта дека околу 5.000 хектари земја се под оган, а 7.000 луѓе се евакуирани или затворени во своите домови. Клавихо на почетокот на неделава рече дека тоа е најкомплексниот пожар со кој се соочиле Канарските острови во последните 40 години, поради комбинацијата на топло, суво и ветровито време и непристапен терен.

Дополнителни евакуации беа наредени во денеска наутро, бидејќи временските услови се влошија во текот на ноќта. Популарните туристички области на островот засега не се погодени, а двата аеродроми работат нормално.

Екстремните горештини и сушата летово придонесоа за невообичаено силни пожари во Европа и Канада. Во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи претходно во август загинаа повеќе од 110 луѓе и го уништија историското одморалиште Лахаина.

Научниците предупредуваат дека климатските промени доведоа до почести и екстремни временски настани.

Би можело да ве интересира

Шпанската Влада го обвини Мароко за „агресија“ и „уцена“

Ана Ололовска

Речиси милион домаќинства без струја по хаварија на Тенерифе

Жарко Настоски