Шпанската Влада го обвини Мароко за „агресија“ и „уцена“

Од:

Шпанската Влада денеска го обвини мароканскиот министер за одбрана за „агресија“ и „уцена“ откако од понеделникот над 8.000 мигранти илегално влегоа во шпанската ексклава Сеута.

Бранот мигранти од соседен Мароко „претставува агресија на границите на Шпанија, но и на границите на Европската унија“, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес, осудувајќи ја „уцената“ на Рабат, кого го обвини за „користење на малолетници“.

– Не зборуваме за млади на возраст од 16, 17 години, Мароко пропушта деца на возраст од седум или осум години, според она што ни го соопштија невладините организации (…), игнорирајќи го меѓународното право, рече шпанската министерка.

Шпанската Влада во вторникот го повика мароканскиот амбасадор и му го изрази своето „незадоволство“, а премиерот Педро Санчез вчера го обвини Рабат за „недостиг на почит“.

Од понеделникот, повеќе од 8.000 луѓе, од кои повеќето Мароканци, непречено стигнаа до малото шпанско пристаниште преку море, благодарение на пропуштањето од страна на мароканската гранична контрола.

Меѓу нив имало и голем број малолетни лица кои пристигнале сами или мали деца донесени од нивните семејства.

Односите меѓу Мароко и Шпанија се влошија во врска со прашањето за мигрантите поради помошта на Шпанија за лидерот на сецесионистичкото движење од Западна Сахара.

Шпанските медиуми јавија дека потегот бил намерен, бидејќи мароканската Влада е наводно вознемирена што Мадрид дозволи влез на Брахим Гали, генералниот секретар на движењето Полисарио фронт.

Движењето бара независност на спорната Западна Сахара во Северна Африка. Мароко ја презеде Западна Сахара во 1975 година откако Шпанија се повлече од регионот. Областа ја смета како дел од нејзината територија. Фронтот Полисарио ја бара независноста на територијата.

Гали од април се лекуваше во Шпанија од коронавирус. Мароко го смета за воен злосторник и остро го критикуваше потегот на Шпанија да му помогне како неоправдан.

Би можело да ве интересира

Мароко запре 75.184 мигранти кои се упатија кон Европа во 2023 година

МНР: Двајца наши државјани кои беа во Маракеш, пристигнаа во Мадрид

Туристи залутаа во алжирски води, убиени се

ВИДЕО: Пожарот на Тенерифе е надвор од контрола

Сопругата му побара развод и половина богатство, а потоа шок-ѕвездата на ПСЖ немал ништо на сметката

Предраг Петровиќ

Мароко го совлада Бразил