(ВИДЕО) Пожар во зграда во Москва, заробени се околу стотина луѓе

Од:

Околу стотина луѓе останаа заробени во зграда која се запали во источна Москва, а пожарот се прошири на 100 квадратни метри. По интервенција на противпожарните екипи, спасени се 80 лица, уште 120 се евакуирани, а три лица се пренесени во болница поради вдишување чад.


На пожарот, како што јави РИА Новости, му е доделен втор степен на сложеност од пет, изјавија за РИА Новости од службите за итни случаи.


„Вработените во руското Министерство за вонредни состојби гаснат пожар во Москва. Поставени се специјални скали за спасување на луѓето од горните катови“, соопшти Министерството за вонредни ситуации на својот канал на „Телеграм“.

Пожарот избувнал во петкатната управна зграда лоцирана на улица „Електрозаводска“ бр.21.

Би можело да ве интересира

Порака од Хелсинки: Зеленски да го прекине конфликтот и да оди во Москва

Блумберг: Москва има стратегија, Киев само план за преживување

Русија: Соборени се 100 украински дронови, четири се уништени додека се приближуваа кон Москва

Туск го обвинува Орбан дека е „маѓепсан од Москва“

Таткото го поли синот со бензин и го запали – мајката го спаси

А1он

„Вашингтон пост“ открива: САД вршат притисок врз Киев да направи отстапки кон Москва