Во пожар беше зафатена куќата на Роман Путин, роднина на рускиот претседател Владимир Путин. Според руските медиуми од градот Рјазан, пожарникарите многу брзо пристигнале на местото на настанот и се обидуваат да спасат што може да се спаси, бидејќи се чини дека куќата ќе се урне до темел.
🚨🔥 Russia: Partisans set fire to Vladimir Putin's nephew's house in Ryazan. The nephew's name is Roman Putin. There have been previous attempts to vandalize and burn down property belonging to Roman Putin. pic.twitter.com/MkKu0Ocedx
— Igor Sushko (@igorsushko) January 8, 2024
Според неофицијални информации, куќата на Роман Путин била запалена од локални „партизани“, фракција која до сега не се истакнала во јавноста со некои поекстремни гестови.
Роман Путин во јавноста стана познат не само како братучед на претседателот на Русија, туку и како поранешен претседател на партијата „Народот против корупцијата“.
Корисниците на платформата X известуваат дека во блиското минато веќе имало обиди да се запали куќата на Роман Путин.
Рускиот претседател Владимир Путин веројатно се уште не е ни информиран за овој инцидент. Паралелно со нападите врз Украина, Путин се грижи и за претстојните претседателски избори во земјата.
Централниот изборен штаб на Путин, кој се кандидираше и за мартовските избори, доби потписи за поддршка од 13 други региони, а беа собрани вкупно 1,3 милиони потписи.