ВИДЕО: Пожар проголта цела зграда од 30 ката во Кореја

Од:

Голем пожар кој започнал на третиот кат, по што се проширил на сите страни, целосно уништи 33-катна станбена зграда во корејскиот град Улсан.

Група од 43 станари кои нашле засолниште на покривот од солитерот, биле спасени по неколку часа, со интервенција на хеликоптери, јавија локалните медиуми. Пожарот го гаснеле 28 камиони на противпожарните служби од Улсан и околните градови.

На бројните снимки кои се појавија на социјалните мрежи, се гледа како огнот комплетно ја обвива огромната зграда, носен од силниот ветер, додека паѓаат големи, вжарени парчиња од солитерот.

Според информациите од Улсан, во пожарот нема настрадани, откако противпожарните екипи бргу реагирале и евакуирале над 130 луѓе кои се наоѓале во зградата кога избил огнот. 36 луѓе се повредени, а 26 од нив биле пренесени во болница поради последици од вдишување чад и полесни повреди, соопштија локалните власти.

Пожарот е локализиран околу 1 часот по полноќ по локално време.

Би можело да ве интересира

Сменетиот јужнокорејски претседател се врати во својот стан со своите 11 кучиња и мачки

А1он

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Јун Сук-Јол го напушти притворот во Сеул

Горан Наумовски