На корисниците на Твитер не им требаше многу време да го „распнат“ Бајден на социјалните мрежи.
Американскиот претседател Џо Бајден (79) е познат по бројните гафови, а овој пат успеа повторно да доминира на социјалните мрежи благодарение на новиот „бисер“.
Имено, тој при обраќањето до медиумите во присуство на потпретседателката Камала Харис изјави: „Америка е земја која може да се дефинира со еден збор“.
Меѓутоа, кога требаше да го каже тој збор, нешто промрморе, а тоа звучеше како „асумфутимаехаехфутбв“ како што истакнаа многу Американци на Твитер.
Секако, беше јасно дека Бајден имаше лапсус и не успеа убаво да се изрази, но тие неколку секунди беа сосема доволни за да предизвикаат лавина коментари на мрежите.
“America is a nation that can be defined in a single word. Asfutmsifwffutsh.”pic.twitter.com/4QTkDfTIvQ
— James Melville (@JamesMelville) June 22, 2022
Иако имаше многу кои го исмеваа, имаше и поддржувачи кои истакнаа дека не е убаво да се исмеваш со некој што има проблеми со говорот.
Американскиот претседател е познат и како „машина за правење гафови“, па во една прилика ја нарече Камала Харис прва дама, а потоа целосно се изгуби кога требаше да каже кој се заразил со корона.
„Има мала промена во тоа кој ќе ви се обрати бидејќи сопругот на првата дама заболел од Ковид“, рече Бајден. Иако мислеше на сопругот на Камала Харис, Даг Емхоф, се испостави дека тој самиот е заразен со вирусот.
Во своето обраќање до нацијата, на почетокот на март, тој ги нарече Украинците Иранци, а потоа во интервју, коментирајќи ја актуелната криза во Украина, направи грешка.
„Како дојдовме овде, знаете, дека Путин штотуку реши да ја нападне Русија? Вакво нешто не се случило од Втората светска војна“, рече Бајден, мешајќи ги Русија и Украина.
Тој дури и падна од својот велосипед минатата недела.