На снимката од видео надзор се гледа како два полициски автомобили влетуваат во низа продавници во Бредфорд за време на бркотница со автомобил, уништувајќи седум излози. Сопствениците на дуќаните наведуваат дека штетата е 28.000 евра.
Снимките од воздух покажуваат како службите извлекуваат две полициски возила BMW во Западен Јоркшир од урнатите згради.
„Сè во зградата е искршено. Аптеката е тотално уништена. За среќа, никој не е повреден“, рекол еден од сведоците на настанот, а пренесува „Дејли мејл“.
Watch as two police cars pursue fleeing driver moments before smashing into row of shops in crash that wrecked seven store fronts and left owners with £25,000 repair bill
via https://t.co/SvLaQx6uqp https://t.co/URn4gtUfGu— Marc Hoare (@020644) February 27, 2023
Екипи на брза помош, пожарникари и други полициски возила денеска пристигнаа на местото на настанот околу 3 часот по полноќ за да извршат увид и да утврдат дали има повредени. Претставници од British Gas, Советот на Брадфорд и Одборот за електрична енергија, исто така, пристигнаа за да ја осигураат безбедноста на зградата.
„Полицијата моментално е на местото на сообраќајната несреќа на патот Кејли, во која учествуваа две полициски возила. Судирот предизвика штета на една зграда, а патот останува затворен до понатамошно известување“, соопшти полициската станица во Западен Јоркшир.