Бегалците од Блискиот исток околу 15 часот ја пробија оградата на граничниот премин Хоргош 2, при што полицијата употреби солзавец, водени топови и настана вистински хаос. Областа ја надлетуваат полициски хеликоптери, а ситуацијата е напната.
Бегалците запалија гуми пред граничниот премин и со камења фрлаа кон унгарската полиција, која веднаш потоа со камења возврати кон бегалците.
Во толпата има и жени и деца, кои бегајќи од солзавецот и водените топови паѓаа и се онесвестуваа.
Со солзавец е погодено и возилото на Итна помош кое дојде на повик на српската полциција за да интервенира кај бегалците кои се наоѓаат во меѓузоната на Србија и Унгарија.
Бегалците кои еден ден и ноќ ја поминаа на ничија земја, пред граничнот премин Хоргош 2, одеднаш навалија на оградата од унгарска страна но беа задржани поради преголемиот број на унгарски полицајци.
Унгарската полиција се закани дека ќе употреби сила доколку бегалците се обидат да влезат на нејзина територија, кои пак протестираат барајќи да се отвори граничниот премин.
Унгарија ја затвори границата во понеделникот откако стапи на сила законот со кој се забранува нелегален влез на територијата.