ВИДЕО: Полицијата со солзавец кон демонстрантите кои ја гаѓаа со снег

Од:

Полските демонстранти вечерва во Варшава ги гаѓаа полицајците со снежни топки, на што им беше возвратено со солзавец.

Организаторите на протестот соопштија дека четворица демонстранти се уапсени.

Полицијата предупредуваше дека протестите се нелегални бидејќи не се пријавени и на сила се мерки на претпазливост поради коронавирусот.

Демонстрантите скандираа „имаме право да протестираме“, „ова е војна“, „соблечи ја униформата, извини ѝ се на мајка ти“, а имаше и ЛГБТИ знамиња.

Организацијата „Општополски женски штрајк“ започна со уличните протести од 22 октомври минатата година, откако Уставниот суд го забрани абортусот, кој претходно беше дозволен во случаи кога плодот е тешко деформиран или болен.

Рестриктивниот закон кој сега дозволува прекин на бременоста само доколку е загрозен животот на мајката или бременоста е плод на силување или инцест, ги принудува жените во Полска да раѓаат бебиња кои е извесно дека ќе починат брзо по породувањето.

Протестите против тој Закон се претворија во демонстрации против Владата на конзервативната партија „Право и правда“.

Би можело да ве интересира

Трагедија во нелегален хостел: Петмина загинати во пожар во Полска

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Полското обвинителство обвини Украинец за шпионажа за Русија

Тешка сообраќајка во Полска, загинаа две момчиња

Горан Наумовски

Сикорски: Мора да се подготвиме за уште една руска агресија до 2030 година

Во Полска пренесени двајца повредени во пожарот во Кочани