(ВИДЕО) Полицијата апсеше маскирано лице на покривот на стадионот во Дортмунд

Од:

Во драматичната пресметка меѓу Данска и Германија на ЕП 2024, играта во еден момент беше прекината поради невидено време, но тоа не беше се, бидејќи маскирано лице, кое не беше припадник на полициските сили, беше на покривот на стадионот и предизвика голема паника.

Имено, како што пренесува Билд, полициската акција се одвивала на голема височина, а во еден момент бил употребен и хеликоптер. Речиси еден час и требаше на полицијата да фати маскиран маж кој се качи на покривот на стадионот во Дортмунд на натпреварот меѓу Германија и Данска.

Според полицијата, 21-годишен маж од Ознабрик во 22 часот и 27 минути се качил на покривот на стадионот и одбил да слезе. Се уште не се познати мотивите за неговиот чин, како и дали имал намера да ја загрози безбедноста на луѓето на стадионот.

Полициската акција предизвика задоцнување на стартот на второто полувреме.

– Германската полиција уапси маж. Во ниту еден момент немало опасност за другите луѓе. Се уште не можеме да дадеме информации за идентитетот на мажот или за неговите мотиви – соопшти германската полиција.

Би можело да ве интересира

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Србија се апсат лицата кои планирале државен удар

Горан Наумовски

Додик: Мојата пресуда и апсењето на Ѓорѓеску се дел од истата кампања

Горан Наумовски

Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна

А1он

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник

Предраг Петровиќ