ВИДЕО: Полицајци во САД насила извлекуваат антимаскер од родителски состанок

Од:

Еден упорен противник на заштитните маски против коронавирусот неделава полицајци морале насила да го извлечат од состанок на школскиот одбор во училиштето во кое одат неговите две деца, откако повеќепати одбил да стави маска.

На снимката од инцидентот во државата Јужна Дакота, која се појави на социјалните мрежи, полицајците му пристапуваат на човекот, идентификуван како Рид Бендер, и неколкупати го замолуваат да стави маска. Тие му укажуваат дека ги крши прописите, а еден од полицајците му вели дека не сака насила да го отстрани од просторијата.

„Знам дека ти не сакаш, ама мораш да ги следиш правилата на оние будали, така?“ – му одговара Бендер.

По ова, тој им кажува на полицајците дека нема по своја волја да си оди, а нивното инсистирање го нарекува „одвратно“.

„Избркајте ме, ќе морате да ме извлечете надвор,“ вели тој на снимката.

Полицајците потоа го фаќаат и го влечат Бендер надвор од просторијата, а еден од нив го подготвува својот тејзер, откако таткото почнува да дава отпор.

„Ќе морате да ме совладате со струја пред сите овие луѓе,“ вели Бендер, додека другите родители се обидуваат да го убедат да престане да дава отпор. На крајот, полицајците го извлекуваат човекот надвор без употреба на тејзерот, а во негова одбрана застанува уште една жена, која исто така не носи заштитна маска.

Ваквите инциденти деновиве стануваат чести во САД, каде постои силно движење против заштитните маски и другите мерки на властите за заштита од коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија