ВИДЕО: Полицаец во САД спасува тринеделно бебе од задушување

Од:

Полициски службеник спаси тринеделно бебе од задушување во Стерлинг Хajтс, Мичиген, пренесоа американските медиуми.

Во соопштението од локалната полициска станица во Стерлинг Хајтс стои дека полицаецот Мекиејевски брзо пристигнал до домот на семејството за да го спаси животот на бебето.

На снимката, која беше објавена од локалната полиција во сојузната држава Мичиген, полицаецот може да се види како пристигнува на местото каде мајката доживува паничен напад и плаче грижејќи се за животот на детето.

Според информациите добиени од полицијата, бебето е однесено во болница на испитување. Полициската станица во Стерлинг Хајтс соопшти: „ако не беше брзата реакција, смирените и спасувачки дејствија на офицерот Месијевски, овој инцидент можеше трагично да заврши. Не само што службеникот го спаси бебето, туку тој направи извонредна работа за целото семејство“.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски