ВИДЕО: Подготвени сме за нови санкции кои ќе ја срушат руската економија, прва реакција на САД по нападот на Киев

Од:

САД се отворени за соработка со европските земји за воведување нови санкции врз земјите што купуваат руска нафта, со цел ослабување на руската економија, објавува NBC News.

„Подготвени сме да го зголемиме притисокот врз Русија, но ни требаат нашите европски партнери да нè следат“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент во емисијата „Meet the Press“, додавајќи: „Се тркаме со времето – прашањето е колку долго може да издржо украинската армија и колку долго може да трае руската економија“.

„Доколку САД и Европската Унија воведат дополнителни санкции, вклучително и секундарни тарифи врз земјите што купуваат руска нафта, руската економија целосно ќе се сруши и ова ќе го принуди Путин да седне на преговарачка маса“, додаде тој.

Минатиот месец, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе тарифи од 50 проценти врз Индија – меѓу највисоките што некогаш ги вовела врз некоја земја – за купување руска нафта. Значајно е што изјавата на министерот за финансии на Трамп дојде само неколку часа откако Русија го изврши најголемиот воздушен напад од почетокот на војната, во кој загинаа најмалку три лица и беше запалена владина зграда во Киев.

Би можело да ве интересира

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

ВИДЕО: Жесток украински напад на Русија, половина милион домаќинства останаа без струја

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“

Русија ќе одговори ако Украина ја нападне од воздушниот простор на друга земја

Украински дронови се урнаа во Финска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Оштететениот руски танкер неконтролирано плови во Средоземното Море, влезе во либиски води