Полумаратонот во аргентинскито град Кордоба заврши трагично, бидејќи победникот почина во текот на церемонијата на доделување на медалите.
Дваесет и тригодишниот Езакијел Понце починал за кратко време, откако прв пристигнал до целта. Како што пренесуваат аргентинските медиуми тој одеднаш престанал да диши и паднал на земјата.
-Имавме три амбулантски возила во близина. Првото веднаш пристигна, но лекарите не можеа да направат ништо. Можеа само да констатираат моментална смрт- велат организаторите на полумаратонот.
Инаку покрај него уште двајца други натпреварувачи, завршија во болница поради колабирање.
Е. Г.