(ВИДЕО) По катастрофалниот земјотрес, еруптираше вулканот Кључевскаја во Камчатка

Од:

По катастрофалниот земјотрес, еруптираше вулканот Кључевскаја во Камчатка. Се апелира го граѓаните да се избегнуваат областите околу вулканот.

Вулканот Кључевскаја во Камчатка почна да исфрла лава откако силен земјотрес го погоди регионот, се вели во соопштението од огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките (RAN).

Минатата недела, спасувачите им препорачаа на граѓаните да не ги посетуваат вулканите Авачински, Безимјани, Шивелуч, Кључевскаја и Каримски поради зголемената активност на овие природни гиганти.

– Во моментов имаме ерупција на Кључевскаја – се вели во официјалното соопштение.

Во среда, Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со јачина од 8,7 степени според Рихтеровата скала. Издадено е предупредување за цунами, а населението е предупредено да не се приближува до брегот во ризичните зони.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала во близина на Камчатка

Руската база на нуклеарни подморници е оштетена по земјотресот на Камчатка, објави Њујорк тајмс

ВИДЕО: Потресот на Камчатка предизвика ерупција на вулкан кој „спиеше“ 600 години

Катерина Ѓуровски

По мега-земјотресот во Русија: Нова вулканска ерупција во Азија, столб од пепел висок над 10 километри

Нов силен земјотрес на Камчатка

Земјотрес со јачина од 6,3 степени ја погоди Камчатка

Горан Наумовски