Пилот успеал да спаси мал авион од уривање, во кој имало три лица, благодарение на падобран. Откако забележал дека се расипал моторот, пилотот закачил падобран за авионот, по што речиси совршено го спуштил леталото на земја.
Полицијата наведе дека доколку не бил падобранот, постоела можност летот да заврши трагично.
Пилотот успеал да го спушти авионот на трева пред еден дом во градот Лосон, а сите патници поминале со помали повреди.
-Мислев дека пилотот ќе се катапулира, а дека авионот ќе падне врз куќа- вели Роберт Рос, граѓанин на Лосон, кој го гледал неверојатниот призор, кога авионот се спуштал со падобран пред неговиот дом.
Е.Г.