(ВИДЕО) Пијан патник направи хаос на лет од Англија за Шпанија: сакал да ја отвори вратата

Од:

Вистински хаос се одвиваше на летот на „Рајанер“ од Борнмут, Англија, до Шпанија. Летот мораше да биде пренасочен кон Тулуз откако пијан патник се обиде да ја отвори вратата на авионот и предизвика општа тепачка.

Според сведоците, инцидентот започнал кога пијан маж почнал да вика „Сакам да си одам“ и се упатил кон излезот за итни случаи. Другите патници веднаш реагирале и се обиделе физички да го совладаат, но тој возвратил плукајќи и удирајќи ги. Целата ситуација ескалирала во општа тепачка.

@thesun Shocking moment drunk man is dragged off plane after trying to open door mid-air and brawling with other passengers. #news #plane #brawl ♬ original sound – The Sun

„Целиот инцидент бил многу трауматичен. Човекот отишол во тоалет, а потоа се обидел да отвори една од вратите за итни случаи. Потоа се обидел со другите. Потоа започнала голема тепачка со мажите кои се обидувале да го оддалечат од вратата“, рекол еден патник.

Некои од патниците рекле дека доживеале напади на паника. „Почнале да се тепаат во средината на авионот. Траеше околу 30 минути. Беше ужасно, имаше крв насекаде. Луѓето врескаа и плачеа“, додал друг сведок. Насилниот патник на крајот бил совладан и соборен на подот, а глуждовите му биле врзани со продолжување на безбедносниот појас.

„Сакаше да оди во тоалет додека полетувавме. Кога го замолија да седне, извика „Морам да мочам, другар“, но потоа седна. На средина од летот, почна да се затетерува и се обиде да ја отвори вратата од авионот. Беше целосно пијан и сакаше да излезе“, опиша трет сведок.

„Двајца мажи се обидоа да го смират и да го совладаат, а тој почна да ги удира и да плука по сите. Еден крупен човек го предупреди дека ќе го застрела ако продолжи, па го собори на подот во воен стил.“ По слетувањето во Тулуз, бунтовникот беше пречекан на пистата од 13 француски полицајци и симнат од авионот. Летот потоа продолжи кон Жирона и слета приближно два часа подоцна.

„Летот од Борнмут до Жирона (4 септември) беше пренасочен кон Тулуз откако еден патник предизвика инцидент на авионот. Екипажот ја повика полицијата, која го пречека авионот при слетувањето на аеродромот во Тулуз и го симна патникот пред летот да продолжи кон Жирона“, се вели во соопштението на Рајанер.

„Рајанер има строга политика на нулта толеранција кон недолично однесување на патниците и ќе продолжи да презема решителни мерки за спречување на вакви инциденти, осигурувајќи дека сите патници и екипаж патуваат во безбедна и удобна средина, без прекини“, соопштија од аеродромот. Аеродромот Борнмут одби да коментира за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Се сруши карпа на плажа во Англија

А1он

Несреќа во Англија: Автобус со ученици падна во река, има повредени

Виолина стара 280 години е украдена од лондонски паб

А1он

Руската амбасада во Лондон: Немаме намера да ја напаѓаме Велика Британија

Момче загина во пожар во Англија, уапсени се 14 деца

Хаос во Бирмингем: Ѓубре насекаде, а стаорци големи како мачки трчаат по улица