Во близина на супермаркет во станбен кварт во Лисабон денеска се урна мал авион. Според првичните информации загинале најмалку пет луѓе – четворица кои биле во авионот и еден на земја.
Авионот се урнал по полетувањето од аеродромот што е во близина, оддалечен околу 20 км западно од Лисабон. Пилотот кој загинал е од Швајцарија, тројцата патници биле Французи, а на земја настрадал возач на камион, Португалец.