Петмина тинејџери на возраст меѓу 12 и 15 години загинаа, кога автобусот со кој се враќале од фудбалски натпревар, се судрил со возило во северозападна Шпанија, соопшти денеска шпанското Министерство за внатрешни работи.
Според претставникот на Министерството, Херман Лопес Иглесијас, несреќата се случила синоќа кога автобусот, во кој се наоѓале 15 тинејџери и четири возрасни лица се судрил со земјоделско возило во близина на градот Кастуре, на околу 350 километри југозападно од Мадрид.
Во несреќата се повредени 12 тинејџери, а регионалната Влада на Екстрамадура прогласи тридневна жалост поради несреќата.