Алберт Ајнштајн се смета за еден од најголемите унови во историјата, но неодамна две девојчиња, го надминаа неговиот коефициент на интелегенција, за кој се претпоставува дека бил 160.
Девојчињата со овој резултат влегоа во групата од еден насто најинтелегентни луѓе во светот.
Освен овие две девојчиња, постојат уште деца во рана возраст кои постигнаа подобри резултати од познатиот научник, кога се работи за тестот на Менса.
Џејкоб Барнет, 12 години
Резултат од тестот на интелегенција: 170
Џејкоб уште на две години добил дијагноза на благо пореметување во однесувањето, за подоцна да се утврди дека функционира на повисоко ниво од останатите.
Уште на 12 години Џејкоб одел на часови по напредна математика и астрофизика во близина на местото каде што живеел. Желба му е да стане професор и да пишува книги за напредна математика.
Пранав Вера, 6 години
Резултат на тестот по интелегенција: 176
Кога го пополнувал тестот по интелегенција, ова момче од Охајо, можел да ги наброи сите американски претседатели и да ја каже абецедата наназад.
Ова момче може да каже и кој е точно ден во неделата за било кој датум од денес па до 2000. година.
Има фотографска меморија, а сака да стане астронаут.
Викторија Коуви, 11 години, Фабиола Ман, 15 години и Оливија Манинг, 12 години има ист резултат на тестот по интелегенција, 162. На Оливија Манинг и требале само 24 часа да ја научи нејзината улога за претставата Магбет. И таа била изненадена кога стигнале резултатите од тестот со 162, што е повеќе од астрофизичарот Стивен Хокинг, Бил Гејтс и Ајншајн.