ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Од:

Скоро 300.000 Американци во седум држави се без струја од вчера поради торнада и разорни грмотевици.

Во големите бури изминатиот викенд загинаа 23 лица, а синоптичарите велат дека се можни повеќе, придружени со силен ветер, град и поројни поплави. Во утринските часови, обилен дожд се очекува да го погоди источниот брег, вклучувајќи делови од Њујорк, Пенсилванија, Њу Џерси и Мериленд, соопшти Националната метеоролошка служба (NWS).

Големите невремиња однесоа повеќе жртви во неколку држави. Осум од нив во Арканзас, седум во Тексас, двајца во Оклахома и пет во Кентаки. Две деца загинаа во Тексас. Една постара жена во Алабама е убиена откако дрво паднало врз нејзината куќа, а фармер и неговите 34 крави биле убиени од гром во Колорадо.

NWS, исто така, прогнозира дека во вторник над Тексас може да се развијат силни грмотевици, со налети на ветерот да достигне брзина од 120 километри на час.

Жештините ќе продолжат на југот од земјата, а се очекуваат рекордно високи температури.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19