Група Германци го исвиркаа германскиот канцелар Олаф Шолц на политички митинг и го обвинија за поттикнување војна, пишува германскиот весник Билд.
На видеото кое го објавија германските медиуми, може да се види како група луѓе го исвиркуваат говорот на Олаф Шолц, нарекувајќи го „воен поттикнувач“, „лажго“ и „бандит“.
Kanzler Scholz (SPD) muss bei seiner Rede in Falkensee gegen „Hau ab“-Rufe ankämpfen: pic.twitter.com/QcyXTcmax5
— pleiteticker.de (@pleiteticker) June 2, 2023
По излегувањето на бината, Шолц зборуваше за помагање на Украина, но неговиот говор беше проследен со гневни извици од публиката.
На говорницата дојде и премиерот на Бранденбург, Дитмар Воидке, кој се обиде да ја смири толпата, но незадоволните граѓани продолжија да извикуваат слогани. Шолц претходно во Талин изјави дека Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина „се додека е потребно“.