ВИДЕО: Огромна карпа се одрони на плажа на Канарските острови, пред очите на туристите

Од:

Голем дел од карпата надвисната над плажа на канарскиот остров Ла Гомера, се сруши во морето во неделата, пред очите на стотици туристи.

На снимките се слуша врескањето на луѓето во моментот кога се одрони поголемиот дел од гребенот над популарната плажа.

Шпанските власти веднаш прогласија вонредна состојба на островот и започнаа операција за спасување, по информациите дека под лавињата од камења останале заробени алпинисти.

Облакот од прашина по одронот бил видлив со километри далеку, неколку часови по инцидентот.

Седуммина планинари, кои во времето на случувањето биле во подножјето, биле спасени, а во акцијата учествувал и хеликоптер.

„Оптимисти сме и се надеваме дека нема жртви. Момент пред да се случи големиот одрон, имаше неколку помали, па сите се тргнаа навреме,“ изјави Касимиро Курбело, претседателот на локалната самоуправа на островот Ла Гомера.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени