Дупка длабока околу 30 метри и со обем од 70 метри, проголта цела куќа на истокот од Казахстан. Жената која живеела во таа куќа едвај успеа да извлече жива глава и да го спаси своето новороденче.
Младата мајка буквално во последната секунда успеала да излезе со детето од куќата, која исчезнала во дупката за секунда.
Анастазија Татарникова (28) од источен Казахстан прво помислила дека се работи за земјотрес, но во прашање била голема дупка која настанала поради минирање во локалниот рудник.
Локалните власти процениле дека истото може да се случи и на други места, па загрозени се околу 120 куќи. Наредена е евакуација на речиси 500 луѓе.