На веб-страницата на иранскиот врховен лидер е прикажано анимирано видео, на кое се гледа роботизирано возило како се подготвува за атентат на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Анимираното видео е направено на годишнината од атентатот на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во напад на американско беспилотно летало во Багдад на 3 јануари 2020 година.
На видеото објавено вчера на веб-страницата на канцеларијата на Хамнеи се гледа како Трамп е погоден од иранско беспилотно летало на теренот за голф во неговиот дом во Флорида.
Iran’s Supreme Leader Ali Khamenei has shared a video that appears to call for the assassination of Donald Trump in revenge for last year’s killing of its top military commander, Gen Qasem Soleimani. pic.twitter.com/bk1faSkdbk
— Hami Hamedi (@HamediHami) January 13, 2022
Видеото го прикажува минатогодишниот пропаганден постер на кој Трамп е исто така на теренот за голф, повикувајќи на одмазда за убиството на Сулејмани.
Претходно овој месец, иранскиот претседател Ебрахим Раиси побара Трамп да биде „прогонет и убиен“.
Врховниот ирански верски водач, ајатолахот Али Хамнеи, изјави дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој го нареди убиството на иранскиот генерал Сулејмани, ќе биде заборавен во ѓубриштето на историјата, откако ќе ја плати цената за убиствата извршени низ светот.
Генералот Касем Сулејмани, кој беше убиен во американскиот напад во Ирак, беше вториот најмоќен човек во Иран, веднаш под ајатолахот Али Хамнеи.
Сулејмани се сметаше за креатор на големите амбиции на Иран на Блискиот Исток.
Исто така, како командант на моќната иранска елитна единица, Сулејмани важеше за вистински ирански министер за надворешни работи кога станува збор за прашањето на војна и мир.