ВИДЕО: Објавена снимка на која се гледа кој ја донел чашата од која се отру Навални

Од:

Главната уредничка на телевизијата „Русија Денес“, Маргарита Симоњанова на интернет објави снимка од аеродромот каде беше отруен рускиот опозициски политичар и активист Алексеј Навални.

На видеото може да се забележи дека чашата од која пиеше Навални му ја носи негов помошник и соработник.

„На камерите од аеродромот се гледа како Навални седи на стол без пијалок. Подоцна, чашата му ја носи Илја Пахомов, вработен во Фондацијата за антикорупција и помошник на Навални. Тоа значи дека никој не можел да знае за кого се прави пијалакот“, заклучува Симоњанова.

Рускиот опозициски лидер и блогер Алексеј Навални беше хоспитализиран во Омск откако се напи од чашата на аеродромот и тој е во кома, во критична состојба. Навални, кој е еден од најголемите критичари на рускиот претседател Владимир Путин,е во бесознание и е поврзан на апарат за вештачко дишење, изјави неговата портпаролка Кира Јармиш.

Би можело да ве интересира

Девет лица загинаа во напад на украинската армија врз селото Махновка во Русија

(ВИДЕО) Русија преку реклами регрутира граѓани од Кина: Се нуди сместување и добра плата

Зеленски ја обвинува Русија дека систематски регрутира кинески борци за војната во Украина

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина