ВИДЕО: Обама им салутираше на војници со чаша во рацете

Од:

Поздравувањето на воените лица со салутирање е традиција, која што ја започна американскиот претседател Роналд Реган, со цел да им оддаде почит на војниците кои ја бранат своајта држава, а продолжија да ја следат и демократските и републиканските претседатели на САД.

Меѓутоа кога американскиот претседател Барак Обама слета во Њујорк, тој од претседателскиот хеликоптер „Marine One”, излезе со очила на главата и со задоцнета реакција ги отпоздрави двајцата маринци, со раката во која имаше чаша со кафе.

Со оглед на тоа што овој настан се случи токму кога тој се упати да ги испрати американските воени авиони во опасни мисии над Сирија, неговото однесување предизвика остри критики кај јавноста.

Видео записот ги преплави социјалните мрежи, а се огласија и многу познати и влијателни личности. Меѓу најпознатите е и долгогодишниот критичар на Обама, Доналд Трамп, кој овој потег на Обама го нарече ужасен.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени