(ВИДЕО) Новозеландски војник мислел дека ќе зароби Руси, но го дочека изненадување

Од:

Новозеландски војник на бојното поле во Украина пронашол пријател, украински војник за кој мислел дека е мртов бидејќи немал слушнато за него неколку месеци.

Кејн Те Таи е поранешен војник на војската на Нов Зеланд кој доброволно ѝ се придружил на украинската армија, а на бојното поле е повеќе од половина година, пренесува 9News.

На видеото се гледа како Те Таи влегува во подрумот со војниците и му вели на човекот да ги стави рацете во воздух и да се предаде, мислејќи дека го нашле Русинот.

Човекот го препознал англискиот јазик и одговорил: Нов Зеланд? „Нов Зеланд!“, а потоа Те Таи го препозна и извика: „Брате ми!“

Те Таи проговори за се на социјалните мрежи: „Пред неколку дена успешно ги нападнавме руските позиции и почнавме да ги чистиме бункерите и подрумите, препознав пријател кој мислев дека е убиен од Русите кога упаднаа во неговата куќа“.

„Ова беше најдоброто нешто што ми се случи во оваа страшна војна“, рече Те Таи.

Би можело да ве интересира

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт

ВИДЕО: Украинците објавија снимка и тврдат: Ова се севернокорејски војници во Русија

Нема да се измориме од помагање на Украина порача шефот на НАТО

Русите ja враќаат територијата во Курск

Објавени нови воени карти за позициите на Украина и Русија во регонот на клучниот град во Донецк