Француската новинарка Сиголен Винсон, која го преживеа терористичкиот напад во редакцијата на весникот „Шарли Ебдо“ за „Радио Франс Интернешнал“ изјави дека еден од напачите не ја убил, но и поставил услов. Тој и рекол дека мора да помине во ислам, доколку сака да преживее.
-Нема да убијат, затоа што си жена, а ние не убиваме жени, но мора да поминеш во ислам, да читаш Куран и да носиш вел-и рекол тој.
Таа раскажа дека тој и вперил оружје, но одлучил да не ја убие, а заминувајќи извикувал „Алах е голем“.
Е. Г.