(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Од:

Насилните протести и немири во делови од Велика Британија продолжи и синоќа. Нападнати се полицајците во Белфаст, Дарлингтон и Плимут, јавува Би-Би-Си. Шест лица се уапсени во Плимут, неколку полицајци се полесно повредени, соопшти полицијата. Во јужен Белфаст, демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели врз интервентната полиција.

Претходно се одржа бдеење за жртвите од масовниот напад со нож во Саутпорт, а од почетокот на немирите се уапсени речиси 400 луѓе.

Аксел Муганва Рудакубана, од Бенкс, Ланкашир, е обвинет за три убиства, десет обиди за убиства и поседување кујнски нож користен за извршување на убиствата. 17-годишното момче е родено во Кардиф од родители од Руанда. Тој се пресели во областа Саутпорт во 2013 година.

Полицијата верува дека немирите во градовите низ Велика Британија биле предизвикани од лажни гласини дека осомничениот бил муслимански барател на азил.

Во текот на викендот, премиерот Сер Кир Стармер ги осуди немирите како „екстремно десничарско насилство“ и синоќа вети дека ќе работи на законодавството за справување со насилството.

И покрај неговите апели, насилството се прошири и во Плимут. Полицијата на Девон и Корнвол соопшти дека полицајци биле распоредени во областа Гилдхол вчера за да се справат со протестите и контрапротестите на екстремната десница.

Во Бирмингем синоќа имаше немири откако стотици луѓе се собраа во областа Бордесли Грин по лажните извештаи дека таму е планиран марш на крајната десница. Контрадемонстрантите вееја палестински знамиња и скандираа. Група млади момчиња подоцна се отцепиле од собирот и нападнале неколку возила и демолирале еден паб.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година