Четворица приврзаници на соборениот од власт претседател Мохамед Морси и еден полицаец убиени се денеска во Египет во судири во неколку градови меѓу исламисти и сили за безбедност.
Четворицата приврзаници на Морси се убиени во Исмаилија додека полицаецот е убиен во Каиро на контролен пункт кој бил нападнат од вооружени луѓе.
Египетската армија и полиција предупредија дека одлучно ќе се спротистават сна какво било кршење на законите. Безбедносните мерки во Египет се засилени поради новите протестни собирања.