На интернет се појави нова снимка од терористичкиот напад на редакцијата на „Шарли Ебдо“ во Париз, во кој исламски екстремисти убија десет новинари и двајца полицајци.
На снимката се прикажани двајца маскирани мажи како мирно се враќаат во своето возило по извршување на масакрот.
-Се одмаздивме за пророкот Мухамед – вели едниот од нив.
Потоа се гледа како го менуваат оружјето и како пукаат на полициски автомобил, додека бегаат од местото на настанот.
Е. Г.