Нов Зеланд веќе влезе во 2021 година. На пристаништето во Оукленд се собраа илјадници граѓани да го прослават дочекот на Новата Година. Во земјата која успешно се справи со коронавирусот, за разлика од речиси целиот свет нема забрани за движење за празниците. Жителите можеа без ограничувања да го следат величенствениот огномет.
Претходно 2021 година први ја дочекаа Самоа и Кирибати.