ВИДЕО: Нов силен земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди Мексико

Од:

Земјотрес со јачина од 6,8 степени го погоди Мичоакан во Мексико, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот бил на 80 километри под површината на Земјата, соопшти EMSC. По земјотресот не е издадено предупредување за цунами, објави американскиот систем за предупредување од цунами.

Како што јави Ројтерс, зградите силно се треселе во главниот град Сиудад де Мексико. Мексико беше погоден од разорен земјотрес на почетокот на оваа недела, во понеделникот, а тамошните сеизмолозите наведуваат дека неговата магнитуда била 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на брегот на Тихиот Океан, во мексиканската сојузна држава Колима, која граничи со Мичоакан, каде се наоѓал и епицентарот на денешниот земјотрес.

Во некои области снема струја, пренесува Ел Универзал. Претседателката на владата на главниот град на Мексико, Сиудад де Мексико, Клаудија Шејнбаум, преку Твитер објави дека се активирани сите протоколи за итни случаи. Таа, исто така, изјави дека не е забележана штета во Сиудад де Мексико. Земјотресот бил почувствуван во сојузните држави Мичоакан, Колима, Халиско, Гереро и Сиудад де Мексико.

Би можело да ве интересира

Трамп ги паузира и царините за Канада

Трамп ги паузираше царините за Мексико

Силен земјотрес го погоди Мексико

Мексико најави одговор на царините од САД

Горан Наумовски

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски