(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: Го загубив синот во Ирак

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден вчера за време на говорот во Колорадо изјави дека неговиот син Бо го загубил животот во Ирак.

„Го кажувам ова како татко на човек кој ја освои бронзената ѕвезда, медалот за истакната служба и го загуби животот во Ирак“, рече Бајден, според Фокс њуз.

Синот на Бајден, Бо, почина во 2015 година од рак на мозокот.

Во 2019 година, Бајден рече дека мислел дека неговиот син се разболел во Ирак.
Според Фокс њуз, Бајден во говорот во 2019 година рекол дека верува дека Бо се разболел и подоцна умрел поради војната и изложеноста на „запалените јами“ во Ирак.

„Мислам дека е така, сè уште не можам да го докажам тоа. Бо се врати од Ирак со глиобластом на четвртата фаза. Живееше 18 месеци знаејќи дека ќе умре“, рече Бајден во 2019 година.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски