ВИДЕО: Њујорк под вода, поплавени метро станици, авиосообраќајот е парализиран

Од:

Силни бури предизвикаа ненадејни поплави низ Њујорк и делови од североисточниот дел на Соединетите Американски Држави (САД). Во Њу Џерси, пак, е прогласена вонредна состојба поради обилни дождови и ризик од поплави.

Предупредување за поплави стапи на сила синоќа за сите пет општини на Њујорк, а градските власти ги повикаа граѓаните да избегнуваат престој во подруми и ниски простории.

Воздушниот сообраќај е парализиран, а на Меѓународниот аеродром „Кенеди“ се пријавени доцнења за полетувања за повеќе од три часа.

На социјалните мрежи се појавија бројни видеа на кои се гледаат поплавени метро станици во Њујорк, автомобили заглавени во вода и реки од вода што се слеваат по скалите и пероните на метрото.

Од објавенитее видеа на социјалната мрежа Икс се гледа како вода влегува во станицата на метрото на Менхетн, додека патниците се качуваат во вагоните. Водата достигнува речиси до прозорците на метрото.

Патниците низ целата земја се соочуваат со прекини во патувањата, при што се откажани близу 2 000 летови.

Полицијата на државата Њујорк соопшти дека главниот автопат „Таконик“ е поплавен и затворен за сообраќај.

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба поради ненадејни поплави и обилни врнежи од дожд во делови од државата.

„Ве молиме останете во затворен простор и избегнувајте непотребни патувања“,

им порача тој на граѓаните.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Десетици студенти уапсени на пропалестински протест во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Протести и контрапротести во Њујорк

ВИДЕО: Нови детали за хеликоптерската несреќа во Њујорк, се бара забрана за туристички летови

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Извршниот директор на Сименс, неговата сопруга и трите деца загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Шест лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Њујорк

Горан Наумовски