(ВИДЕО) Нема медицински материјали, хунтата продолжува со нападите: Мјанмар ги пребројува жртвите од разорниот земјотрес

Од:

Најмалку 1.604 жртви на земјотресот се потврдени во Мјанмар, кој најтешко ги погоди Мандалеј и регионот Сагаинг. Обединетите нации предупредуваат дека во погодените подрачја има хроничен недостиг на медицински материјали, што дополнително ги загрозува животите на повредените.

Потрагата по урнатините продолжува, а во саботата една жена беше спасена во Мандалеј откако преживеа 30 часа затрупана под урнатините. Меѓу исчезнатите има и десетици деца од градинка која се урнала додека биле внатре.

Мјанмарската хунта продолжи со воздушните напади и по земјотресот. Би-Би-Си потврди дека седум цивили биле убиени во нападот на Наунгчо во државата Шан, само три часа по нападот. Слични напади беа забележани и во регионот Сагаинг, кој е и епицентарот на земјотресот, и долж границата со Тајланд.

Претставникот на ОН, Том Ендрјус, рече: „Срамотно е што војската фрла бомби додека спасувачките екипи се обидуваат да ги извлечат луѓето од урнатините“.

Би можело да ве интересира

Астролог најави нов земјотрес и заврши во затвор

Предраг Петровиќ

Во разорниот земјотрес во Мјанмар загина и Силиме која беше прва носителка на титулата „Мис туризам“

Се зголемува бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар

Пет дена по земјотресот спасен e маж од под урнатините во Мјанмар, досега се загинати 2.886 лица

Жена после 91 час е извлечена од урнатините по земјотресот во Мјанмар

Нов силен земјотрес го погоди Мјанмар: Повторно се тресе тлото

Горан Наумовски