ВИДЕО: Небензја го напушти Советот за безбедност на ОН додека зборуваше Шарл Мишел

Од:

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја синоќа ја напушти седницата на Советот за безбедност на ОН, по обвинувањата против Москва упатени од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел.

Според РИА Новости, Мишел се обидел да ја префрли целата одговорност за глобалната криза со храна врз Кремљ и ја обвини Русија за блокирање на украинските пристаништа и крадење жито.

Небензја не сакал да го слуша неговиот говор и ја напуштил салата, додека неговиот заменик во ОН, Дмитриј Пољански, го привлече вниманието на „огромното количество неосновани обвинувања од западните партнери“.

– Спротивно на фактите, и Шарл Мишел не обвини дека предизвикуваме криза со храна. Тој зборуваше толку остро што постојаниот претставник на Русија ја напушти салата. Неверојатно е колку се деградирани Европската Унија и нејзините лидери, напиша Пољански на Телеграм.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Русија сака Србија да ги реши сите проблеми што е можно поскоро и да се врати на мирен развој

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина

(ВИДЕО) Часив Јар падна во рацете на руската војска по долга опсада

Горан Наумовски

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он