Научниците на НАСА се сигурни дека нема да биде крај на светот на 21.12.2012 година, како што предвиделе Маите во својот календар, објаснуваат во видеото зошто не пропаднал светот.
„Ако го гледате ова видео, тоа значи дека не дошол крајот“, се зборовите со кое заочнува видеото на НАСА во кое се објаснуваат заблудите во врска со календарот на Маите.
НАСА ги советува луѓето да и веруваат, бидејќи, доколку Земјата навистина е во опасност од удар од некој астероид или метеор, тој објект на небото навечер би требало да биде видлив со голо око.
Видеото е со наслов „Why the World Didn’t End Yesterday“ и е наменето за ден по „апокалипсата“.