Шефот на руската паравоена формација Вагнер Евгениј Пригожин вчера го напушти штабот на Јужниот воен округ во Ростов на Дон. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Пригожин заминува со автомобил. Толпата свиркаше и аплаудираше, а некои луѓе на улица се поздравуваа со него.
#Prigozhin left the headquarters of the Southern Military District in #Rostov by car. He was applauded and people came to shake hands. pic.twitter.com/LB9QGz318U
— NEXTA (@nexta_tv) June 24, 2023
Пригожин, наводно, се упатил кон аеродромот од каде замина за Белорусија, согласно договорот што го постигнал со белорускиот претседател Александар Лукашенко.